„Бекстејџ“ во домот на Влатко Илиевски – овде 33 години живееше македонскиот пејач (видео)


Македонскиот пејач Влатко Илиевски почина пред две години. Тој беше пронајден мртов во неговиот автомобил „Тојота“ на булеварот „Трета македонска бригада“.

И по две години од неговата смрт, неговото семејство, пријатели, колеги се уште не може да го прифатат фактот дека македонската ѕвезда го напушти овој свет.

Тамара Тодеввска по повод две години од смртта на Влатче, на социјалните мрежи напиша емотивен статус за својот пријател, колега истакнувајќи дека секој ден и недостига да ги споделуваат заедничките моменти.

Екипата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ деновиве го посети домот каде што живееше Илиевски со неговото семејство. Имено, тој живееше во скопската населба Ѓорче Петров заедно со неговите родители и неговата сестра.

Родителите на пејачот ги отворија вратите од својот дом за „Бекстејџ“, а како што велат секое коше потсетува на Влатче.

На ѕидовите преовладуваат постери, фотографии, а Влатко беше љубител и на уметничките фотографии со клонови.

Во продолжение погледнете како изгледаше домот во кој живееше Влатко Илиевски.

И по две години останува непреболената тага и болка по македонскиот пејач, како и неговите песни кои секогаш  ќе не потсетуваат на него.

Потсетуваме, Влатко почина само неколку дена по својот 33 роденден.

Извор: vistina.com.mk

Previous Викторија Лоба за малку ќе настрадаше на снимање: Пејачката за влакно избегна несреќа?! (ФОТО)
Next Инвестиција вредна половина милион евра: Лепа Брена и Боба започнуваат нов бизнис!

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *