Брз и едноставен десерт без шеќер!
СОСТОЈКИ:
50 гр брашно
50 гр интегрално брашно
50 гр мелено ленено семе
1 лажичка сода бикарбона
1 јајце
5 лажици јаворов сируп
125 гр путер од кикирики со парчиња кикирики
50 гр (или повеќе) парчиња темно чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1.Измешајте ги сите суви состојки, освен чоколадото, додајте ги останатите, па со миксер соединете.
2.Направете топчиња и наредете ги во плех обложен со мрсна хартија. Притиснете ги врвовите на топчињата со вилушка како би добиле интересен релјеф, па со раце направете облик на круг.
3.Печете на 180 степени од 10 до 15 минути, додека кексот не стврдне, а потоа извадете и оставете на метална решетка да се излади.
Послужете и уживајте!
Извор: готви.мк