in ,

Неколку причини зошто секој ден треба да јадете лубеница

Во летните жештини ниту една намирница не ја гаси жедта подобро од лубеница. Иако често за неа велиме дека е овошје, всушност е зеленчук и припаѓа на семејството тикви.

Во некои земји е достапна во секој период од годината, но сепак е најдобро да ја јадете во текот на летото бидејќи тогаш има најмногу хранливи состојки. Сто грама лубеница има 30 калории, содржи многу вода која е особено важна за хидратација во летните денови.

Истовремено, лубеницата е богата со витамини А и Ц, калиум и магнезиум. Ако ја чувате во фрижидер ги губи некои од хранливите својства. Но, секако кога е пресечна најдобро е да се чува во ладилник.

Лубеницата е добра и за опуштање и закрепнување по некоја физичка активност.

Прочитајте неколку интересни факти за неа:

– Лубеницата содржи 92% вода, 6% шеќер и 2% влакна.

 – Од 150 г лубеница 5% содржи витамин А, важен за здравјето на кожата.

– 20% од дневните потреби за витамин Ц се задоволени со 180 г лубеница.

– Во лубеницата има најголем дел од аминокиселината цитрулин, која ги опушта и ги штити крвните садови, па е важна за еректилната функција – 210 мг во 100 лубеница.

– Семките од лубеница може да се јадат, во Кина ги пржат и ги јадат како грицки. Тие се здрава состојка употреблива за лекување на бубрезите.

– Најтешката лубеница е измерена во Тенеси, тешка 159 кг

– Иако потекнува од Африка, првиот запис за лубеница е стар 5.000 години и е од Египет каде лубеницата толку ја ценеле што ја ставале во гробниците на кралевите.

Извор: kajgana.com

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Винтиџ-пунџа, за елегантни дами со стил (видео)

Дуа Липа сака да сними дует со Мадона