Некои луѓе успешно ги распоредуваат парите во текот на месецот, па дури и успеваат да заштедат некој денар. Но, има и такви кои по само неколку дена по платата влегуваат во финансиски проблеми.
Според астрологијата, припадниците на овие четири хороскопски знаци умеат да останат со празни џебови бидејќи едноставно не умеат да располагаат со парите.
1. Вага
Вагите едноставно обожаваат шопинг и неретко умеат да трошат пари на работи кои не им се потребни. Често непромислено трошат пари и веќе кон средината на месецот не им останува од платата.
2. Стрелец
Тие сакаат излегувања, забави и за тоа не штедат пари. Нивните пари најчесто ги трошат за други, но секој нивни трошок е направен без размислување, па брзо остануваат со празен паричник.
3. Лав
За разлика од великодушните Стрелци, Лавовите ги трошат парите исклучиво на себе и тоа најчесто трошат повеќе од тоа што можат да си го дозволат. Максимално уживаат во луксуз и живеат на висока нога, но кога ќе дојде време за плаќање сметки одат во длабок минус.
4. Близнаци
Многу се спонтани и не размислуваат на долги патеки, па тоа дефинитивно ги прави неодговорни. Кога станува збор за пари често се невнимателни и целата плата ја трошат за еден ден.
Извор: kajgana.com