Тијана Дапчевиќ на плажа во Грција сними несекојдневна глетка: „Дојдоа другарките“ (фото)


Македонската пејачка со белградска адреса на живеење Тијана Дапчевиќ едвај чекаше да се отворат границите и да замине некаде на море.

Имено, пејачката изминатиот период додека траеше вонредната состојба во Србија времето го поминуваше во својот дом во Белград.

Меѓутоа, откако се отворија границите, пејачката ги спакува куферите и замина на море во соседна Грција. Таа објави фотографија и без комплекси го покажа својот целулит.

Пејачката во друштво на сопругот Милан Дапчевиќ ужива по стресниот период и ги полни батериите испружена на сонце.

Бидејќи поради ситуацијата со короната, за разлика од претходините години оваа сезона речиси нема или е намален бројот на туристи, Дапчевиќ на плажа во Грција сними како патки се шетаат покрај лежалките на плажа.

Пејачката овој смешен момент го сподели во кусите приказни на „Инстаграм“ , а во описот напиша:

„Дојдоа другарките на плажа“.

Веруваме дека Тијана убаво си поминува, а дека и наскоро ќе ја посети Македонија за да ја види својата Тамара Тодевска со која се нема видено откако започна короната, а неодамна истакна дека многу и недостига.

Извор: vistina.com.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *