Синот на Весна Петрушевска се сели во САД: „Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден“


Синот на актерката Весна Бејби Петрушевска, Кирил Тренкоски за две недели ќе замине  кај својот татко во САД  каде ќе заврши четврта година гимназија и ќе продолжи на факултет.

„Броиме ситно со Кирил кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот. Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговара потврдно. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте, срце ми се кине. Убав на мајка. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а он ми вика: „Мамо, мислев умрел некој, ме исплаши“, напиша Петрушевска на „Фејсбук“.

Актерката вели дека утеха наоѓа во нејзината летна школа како дел од „Актерска школа Весна Петрушевска“.

„Среќа што работам, инаку едвај се крепам. Тешко е“, вели Весна за „Женски Магазин“ и додава:

„Последниве две години се договараме со татко му кој е таму. Одеше на два пати во Хјустон кај Јанко. И ете дојде време да замине. Сè му е јасно за состојбата со вирусот, но брои денови, овде не може да ја поднесе неправдата и системот“.

Таа вели дека нејзиниот син е свесен за новиот предизвик и не се плаши од него.

Извор: vistina.com.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *