in , ,

Елена Ристеска направи експеримент од кој заличи на Анџелина Џоли- би ја препознале ли ваква? (фото)

По завршувањето на карантинот и олабавување на мерките за заштита од коронавирусот, отворија и салоните за убавина каде дамите чекаат ред.

Први на списоткот секако беа познатите кои едвај чекаа да седнат за да направат разни третмани, од такви за лице, коса, тело и што ли уште не…

Пејачката Елена Ристеска за никој на свет не ги менува рацете на нејзиниот пријател, стилистот Даниел Николковски, па периодов тој ја претвори во делумна русокоса, за освежување и нова енергија во овие денови.

На Еленче очигледно и годат промените, па се реши да надогради и трепки, а дојде до идеја да проба и сина боја на очи.

-Правев мал експеримент со бојата на очи и трепките. Ни бојата на очи ни трепките ми се природни, ама пак трепките волку природни никогаш не ми ги направил никој како што тоа го умее Цеце Цветановска од кај Даниел Николовски. А ме убедуваше долго време, на што и’ одговарав: нема шанси ќе ми изгледаат вештачки. Не ме забележаа ни најблиските дека имам трепчиња, а немам ни римел. За жал бојата на очите никогаш нема да ми биде сина. Но што е важно – пишува Елена во описот на објавата.

https://www.instagram.com/p/CB_b1h7pjhw/?utm_source=ig_web_copy_link

Со ваква шминка, фризура и фацијална гестикулација од овој експеримент, нас ни заличи на Анџелина Џоли – што мислите?

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 29. ЈУНИ 2020 ГОДИНА

Италија: Нуркачи спасија кит заплеткан во рибарска мрежа