Хју Џекман ќе ја игра улогата на Енцо Ферари во новиот филм на Мајкл Ман, едноставно наречен „Ferrari“.
Џекман (51) ќе има тешка задача да ја долови животната приказна на основачот на емблематичната автомобилска компанија од Италија.
Мајкл Ман го преработил сценариото за филмот, напишано од Трој Кенеди Мартин, a фабулата ја изградил врз книгата „Енцо Ферари: Човекот и машината“ (Enzo Ferrari: The Man and the Machine).
Овој свој најнов проект Ман пред дистрибутерите ќе го претстави на виртуалниот пазар во Кан, а филмот е планиран да почне да се снима следната пролет.
„Ferrari” ќе го раскажува летото 1957 година, кога компанијата на Енцо била исправена пред банкрот и неговиот брак со сопругата Лора му бил на работ од пропаст.
Ман со години назанад сака да работи на овој проект. Тој исто така ќе создаде флота од копии на тркачките автомобили од епохата на времето за кое филмот ќе раскажува.
Извор: kajgana.com