in ,

Канаѓаните се снајдоа за јога на отворено

https://kajgana.com/kanaganite-se-snajdoa-za-joga-na-otvoreno

Еден јога клуб од Торонто изнајде оригинално решение за на своите членови да им овозможи посета на часови, а истовремено да бидат на дистанца и заштитени од коронавирусот.

Јога клубот Lmnts Outdoor Studio набави 50 големи меури, по еден за секој член. Во секој од нив се одржува температура од 37 степени целзиусови, или 100 фаренхајтови по канадски, идеални за вежбање јога.

„Досега владее невиден позитивизам, сите уживаат, а за наредните 4-5 дена местата се 90% пополнети. Моравме да го зголемиме класот за уште неколкумина да се приклучат“, вели Стив Џорџиев, организатор во јога клубот.

По завршувањето на класот, секој меур е дезинфициран пред да биде употребен од друг член.

Извор: kajgana.com

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Хју Џекман ќе го игра Енцо Ферари во филмот за основачот на италијанскиот гигант

ВИДЕО: Шофер како влече превртена приколка на автопат