„Точно е дека постои привлечност меѓу нас“: Познатата пејачка откри дали е во врска со поранешното момче на Милица Тодоровиќ


Српската пејачка Милица Тодоровиќ и кореографот Милош Пауновиќ претходната година ја раскинаа својата шестгодишна врска.

Деновиве, во медиумите се појави вест дека поранешното момче на Тодоровиќ е во врска со нејзината колешка, учесничката во „Ѕвездите на Гранд“, Катарина Дидановиќ.

Имено, таа на својот „Инстаграм“ објави фотографија со Милош и започнаа коментари и шпекулации дека меѓу нив има нешто.

Катарина се огласи и ја откри вистината.

„Фотографијата настана додека вежбавме кореографија. Точно е дека се гледа привлечност меѓу нас, но односот меѓу мене и Милан е само професионален“ изјави пејачката за ало.рс

Потсетуваме, откако Милица раскина со Милош, таа започна врска со актерот Петар Стругар, но оваа врска траше кратко.

Извор: vistina.com.mk

Previous ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НАЈНОВИОТ ТРЕЈЛЕР ЗА CYBERPUNK 2077 – THE GIG
Next Рудар стана милионер: Овој татко на 30 деца најде драгоцен камен кој ќе му го промени животот (ФОТО)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *