Сара Мејс решително продолжува кон целта да биде „љуштенка“ (фото)


Периодот по бременоста и породувањето е вистински предизвик за секоја жена да го врати своето тело како претходно или можеби во уште подобра форма.

Пејачката Сара Мејс која се породи на почетокот од месец септември 2018 година, е во период кога напорно работи на своето тело.

Пред еден месец таа на својот Инстаграм откри дека започнала да користи пакет третмани, а сега откри дека зацртената програма за слабеење завршила со резултат од минус шест килограми.

Но, сепак Сара очигледно сака уште да слебее, па најави дека ќе користи уште еден пакет до крајната цел да стане како што вели таа „љуштенка“.

-Пакетот завршен, резултатот минус 6 килограми. Одиме со уште еден целосен пакет, крајна цел – има да станам „љуштенка“ летово, пишува Сара за објавата фотографија, а кога веќе е вака кажано, нема назад!

Извор: vistina.com.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *