in , ,

Маријан Стојаноски и официјално е женет човек, а наскоро ќе стане и татко (фото)

Пандемијата од коронавирусот му ги расипа плановите за свадба на пејачот Маријан Стојаноски, кој кон крајот на минатата година се сврши со својата избраничка, охриѓанката Наташа Каранџулоска со која сега и официјално стапија во брак.

Вчера тие во Скопје по сите мерки и прописи поради коронавирусот, се потпишаа кај матичар и пред законот станаа маж и жена.

Од фотографиите кои Маријан ги објави на својот Фејсбук може да се види дека во нивниот живот наскоро ќе стане уште повозбудливо – ќе добијат бебе.

Невестата очигледно е кон крајот на бременоста, но полот на бебето засега е непознат.

Инаку, Маријан работи во Македонската опера и балет, а како што своевремено изјави во некои од домашните медиуми, неговата сакана и сега венчана сопруга, не сака многу да се експонира во јавноста.

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

НЕМИЛОСРДНИ СЕ И НЕ ДАВААТ ВТОРА ШАНСА – ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ НАЈТЕШКО ПРОСТУВААТ

Бои на лакови за нокти што треба да ги имате ова лето