Оваа српска пејачка беше женски Аца Лукас, а потоа преку ноќ ја напушти естрадата, влезе во секта и сега се вика Маха Матра! (ВИДЕО)


Во деведесеттите години, во Србија царуваше турбо-фолк (иако и денес не е многу поразлично), а убавата пејачка Марина Живковиќ се појави на сцената и брзо стана популарна. Во 1995 година, таа ја отпеа во дует со Ванеса Шошкиќ  песната „Син хаос“ со која се проби на естрадната сцена.

Нејзината популарност растеше, цената за настапи и одеше нагоре, беше многу барана и медиумски експонирана.


Толку многу што дури ја нарекоа „женски Аца Лукас“. Настапуваше насекаде:  од кафеани, клубови, сплавови, до фолкотеки и свадби…  „Не оди од мене“, „Лавица“, „Кажи, кажи да“, „Малку по малку“ (подоцна испеана од Весна Змијанац), „Сакам синови со тебе“… Нејзините турбофолк хитови се редеа како нишка, како ѓердан од  бисери.

Но, со доаѓањето на новиот милениум, Марина како да не успеа да се најде себеси на сцената, као да не се снајде за да ја круниса кариерата во следниот век. По 2000-та година, таа сними уште неколку песни, а последната во 2006 година, „Завет на љубовта“ за потребите на тогашниот „Гранд фестивал“.

Потоа Марина ја напушти естрадната сцена, ја остави музичката кариера, ја смени својата православна вера и се приклучи кон сектата Харе Кришна. Таа стана бел маг, откако заврши курс за исцелител. Еднаш рече дека нема агенда, туку дека исклучиво им помага на оние што се најблиски до неа и дека е „само спроводник на нешто што е над нас“!

И името што  го доби  е во согласност со новата вера, па сега Марина Живковиќ се вика Маха Матра (Големата мантра)!

Извор: vistina.com.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *