Марија од „Ај кју“ го прифати предизвикот од Антониа Гиговска и се покажа себе си во природно издание (фото)


За време на пандемијата на социјалните мрежи имаше разни предизвици, па така познатите можевме да ги видиме како изгледале како деца, на нивните свадби, како готваат…

Македонската пејачка Антониа Гиговска неодамна драстично го промени својот изглед, па од русокоса се офорба во розова боја.

Гиговска е активна на социјалните мрежи каде постојано објавува фотографии, но таа е и од онаа пејачки која нема проблем да се покаже во природно издание, односно без грам шминка, фотошоп.

Така, пред некој ден на „Инстаграм“ објави фотка на која нема “мејк ап“, а како што истакна тогаш не се срами да ги покаже своите несовршености.

Во објавата, Гиговска ги предизвика и своите колешки Елена Ристеска, Каролина Гочева, Лина Пејовска, Мартија Станојковиќ и Марија од „Ај кју“ да објават како изгледаат без шминка.

Марија од „Ај кју“ одлучи да го прифати предизвикот на колешката и да се покаже себе си без шминка.

„Моќта на шминката. Не сум голем фан на шминка и ретко користам, а кога користам тоа е минимално, освен за јавни појавувања затоа што има потреба од тоа. Си го сакам мојот природен изглед и свесна сум за сите ,,недостатоци” на лицето без шминка кои ме прават посебна и различна од сите останати. Шминката е тука за понекогаш да ги потенцира убавите црти, а не да го изобличи лицето.
Убава си кога ќе ја симнеш шминката. Погледни ме мене, ниту јас сум совршена, па научив да се сакам“, напиша пејачката покрај објавата.

Марија ги предизвика Сара Мејс, Кристина Арнаудова и Теа Трајковска да покажаат како изгледаат без шминка.

Извор: vistina.com.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *