Еве еден одличен предлог за оние денови кога ви се јаде благо, а не сте многу расположени за долг престој во кујната. Едноставен рецепт за вкусен илач со лимон на грчки начин.
Потребни состојки:
за колачот
– 115 гр стопен путер
– 150 гр шеќер
– рендана кора од лимон
– 2 лажици свежо цеден сок од лимон
– 20 гр грчки јогурт
– 3 јајца
– 180 гр брашно
– 2 лажички прашок за пециво
– пола лажичка сол
за преливот
– 2 лажици млеко
– 1 лажица свежо цеден сок од лимон
– 125 гр сеѓер во прав
Подготовка:
Рерната загрејте ја на 170 степени, а во тавче ставете хартија за печење. Во сад со средна големина измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта.
Матети ги јајцата додека не направат пена.
Во друг сад измешајте ја кората од лимон со шеќер, така да шеќерот да добие арома на лимон, потоа додадете го стопениот путер и матете со миксер додека не добиете изедначена, мазна, лесна смеса. Потоа додадете ги грчкиот јогурт и изматените јајца.
Кога смесата ќе се изедначи, полека додајте го брашното, бавно матејќи со миксер, така што тестото да не е премногу тврдо.
Истурете го тестото во тавчето и печете во загреана рерна околу 40 минути, или додека чепкалката со која ќе го боцнете колачот ќе излезе сува. Готовиот колач извадете го за да се излади, а во меѓувреме направете го преливот.
Со миксер матете ги шеќерот во прав, млекото и сокот од лимон додека не добиете изедначен прелив. Кога колачот речиси ќе се олади, прелијте го со преливот, почекајте да се зацврсти и потоа послужете.
Извор: kajgana.com