in ,

Израелски научници создадоа маска што ги убива вирусите

Научници од Универзитетот Технион во Хаифа, Израел, соопштија дека создале заштитна маска за лице, за повеќекратна употреба, што може да го уништи коронавирусот со помош на топлината од полнач за мобилен телефон.

Имено, новиот пронајдок има УСБ приклучок што овозможува напојување преку стандарден полнач за мобилни телефони. Тоа го загрева внатрешниот слој од јагленородни влакна до 70 Целзиусови степени, што е доволно за да го убие вирусот.

Процесот на дезинфекција на маската трае околу половина час. А притоа, додека е приклучена на полначот, маската не треба да се користи, истакнуваат од тимот што дојде до овој изум.

Стручњаците сметаат дека маските за еднократна употреба не се исплатливи и оти ја загадувааат животната средина.

Патентот е пријавен во САД кон крајот на март, а истражувачите, како што самите велат, сега разговараат со приватни компании за производство на маските за широка употреба. Најверојатно, новиот производ ќе биде за еден долар поскап од обичните маски.

Извор: Курир.мк

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ВИДЕО: 5000 Тик Ток лајкови и типов ќе истури вода на Маја

Го истетовирал на раката ликот на Јелена Карлеуша: Опседнат или искрено предаден, Ненад е нејзиниот најголем обожавател (ФОТО)