Потребни состојки:
- 3 јајца
- 2 дл јогурт
- 130 мл масло
- 1 шолја пченкарно брашно
- 1 шолја пченично брашно
- 1 прашок за печиво
- 100 гр. кравјо сирење
- 150 гр. спанаќ
Начин на подготовка:
Изматете јајца, па додајте јогурт, масло, брашно, прашок за печиво, сирење, исечкан спанаќ и сол по вкус. Оставете ја смесата да отстои околу 10 минути, па истурете ја во калап за мафини. По желба ставете сусам и печете околу 15-20 минути на 180 степени.
Извор: Кајгана