По долго чекање, Sony на гејмерите конечно им го покажа дизајнот на новата, петта генерација на конзолата PlayStation, заедно со низа фантастични наслови на игри кои стигнаа со неа.
PlayStation 5 доаѓа седум години по PS4. Она што досега се знае е дека е опремена со AMD Zen 2 процесор и графички чип што се темели на AMD RDNA 2 архитектура. PS5 наводно ќе биде „100 пати побрза“ од PS4.
Gameranx прави анализа на графиката меѓу PS5 и претходната верзија PS4 од пред седум години.
Извор: А.С