Водата е единствениот пијалак кој му е потребен на вашиот организам. Ова уште еднаш го потврди и тренерот Крис Бејли кој одлучи да истражи што ќе се случи во неговото тело доколку 30 дена пие само вода, а се откаже од другите пијалаци.
Внесувате помалку калории
Шолја чај со малку шеќер содржи околу 150 калории, кафе со млеко содржи 250 калории, а половина литар сок околу 300 калории. На крајот од овој експеримент, Бејли имал 2 кг помалку, а не направил никакви промени во исхраната.
Помал апетит
Шеќерот кој се содржи во различни пијалаци ја зголемува количината на шеќерот во крвта, а по наглото опаѓање се јавува чувството на глад.
Подобра концентрација и помалку главоболки
Кога не пиете доволно вода, телото не е доволно хидрирано, па ќе почувствувате главоболка, умор и намалена концентрација.

Помали трошоци
Сите други пијалаци се поскапи од водата.
Подобро варање на храната и почиста кожа
Истражувањето покажа дека ако наутро испиете околу половина литар вода, побрзо ќе се расоните и ќе потрошите повеќе калории. Бејли истакна дека забележал и промени на кожата во текот на овој експеримент.
Извор: М.С