Елена Петреска има алтернатива за летен одмор: Наместо на плажа пејачката се сончаше во двор (фото)


Поради пандемијата со коронавирусот кој во Македонија се уште е присутен и бројките на заболени на дневно ниво изнесуваат на 100, условите за летни одмори оваа година ќе бидат многу поразлични од претходно.

Знак прашање е дали ќе може да одиме на одмор надвор од Македонија, а доколку заминаме било каде мора да ги почитуваме основните мерки за заштита, пред се два метри одалеченост.

И додека се трае пандемијата некои од македонските јавни личности ја отворија летната сезона. Така, Лила Филиповска уште за време на вонредната состојба го напушти Скопје, па неколку дена уживаше во Охрид.

Меѓутоа,  освен што направи промена на косата, Петреска деновиве најде алтернативно решение да се сонча и да прима витамин Д.

Така наместо на плажа, таа се испружи во својот двор. Дали пејачката била облечена во бикини или некоја пократка летна облека остана мистерија, но не останаа мистерија нејзините долги голи нозе кои ги испружи во зеленилото во дворот.

Веруваме, дека се наполнила со енергија, па вака или така се одморила, а можеби и фатила малку боја.

Извор: vistina.com.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 17. ЈУНИ 2020 ГОДИНА
Next Запознајте го новиот мој Истаграм профил и на вирално.мк

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *