НЕШТА СО КОИ МАЖИТЕ СЕ СООЧУВААТ И БОРАТ СЕКОЈДНЕВНО, А ЖЕНИТЕ НЕ ГО ЗНААТ ТОА


Жените се жалат дека мажите не ги разбираат, но колку всушност и мажите се тие кои не баш премногу сфатени. Дали ги знаете овие машки карактеристики?

Мажите почесто ризикуваат да бидат одбиени
Од нив се очекува иницијатива, но и тие ја очекуваат сами од себе. Мажите се тие кои треба да ги освојуваат жените и да се трудат да го направ тоа, тие се често неспретни, несигурни и нервозни – а и одбиени. Тие тргнуваат во освојување со идеата дека шансите да не им успее се голени и тоа ги прави нервозни и несигурни. Секој пат кога ќе и се обратат на некоја жена, тие ризикуваат да бидат одбиени па дури и понижени и посрамени. Мораат да преминат низ многу нешта за да се „охрабрат“ и да стигнат со романтичното внимание на некоја жена. Причината за тоа е тоа што нивното его е премногу чувствително, и она кое најмногу им смета.

Тие трпат друштвен притисок да бидат коректни
Како да останат опуштени и лежерни, отворено да кажат дека сакаат секс, а не ги навредат жените и да не искусат грозно одбивање? Од нив се бара да ги почитуваат жените, да бидат пријатни и нежни, а исто така да бидат одлучни, храбри, самоуверени и страствени. Балансирањето е збунувачко. Затоа мажите често имаат ниска самодоверба дури и кога се уверени во својот шарм, тогаш носат етикета на површни, швалери па дури и шовинисти кои не се во состојба да и се посветат на една жена затоа што го сакаат само своето его и единствено нешто за кое им е грижа е освојувачкит успех.
Ако се фини, внимателни, срамежливи и секогаш на располагање – ќе бидат етикетирани како премногу добри и папучари кои немаат храброст, а а ко се дрски и фокусирани на она кое го сакаат тогаш се арогантни и себични простаци.

Научени се да не бараат помош
Една од погрешните идеи за мажественоста и храброста е таа дека не смеат да ги признаат своите слабости односно да не ги откриваат своите стравови и мораат самите да бараат решение за своите проблеми. Затоа има толку многу мажи кои ги потиснуваат своите чувства и бараат вентил во алкохолот или арогантното однесување акко и во активности за кои се сигурни дека се супер-машки и ги прават силни и самостојни во очите на жените.

Жените едноставно само треба да бидат убави додека мажите мораат да бидат сто нешта
На жените им е наметнат приоритет на физичкиот изглед, а далеку од тоа дека сите се убавици и манекенки. Меѓутоа, сепак тие ги охрабруваат да работат на својот физички изглед, да вежбаат и да ги истакнуваат своите предности и прикриваат своите недостатоци. Додека мажите мораат да бидат и паметни и успешни на работа и мажествени и ситуирани и признати во друштвото – мораат да имаат резултати кои воодушевуваат, додека на жените им е доволно да покажат нозе и деколте – а тоа не е никакво достигнување.

Затоа треба да работиме на разбирање и прифаќање и да го делиме теренот на кој ќе живееме во мир наместо да водиме бесмислени и однапред изгубени битки во војната на половите.

Извор: srekja.mk

Previous Пред 14 години Елена Ристеска настапи на Евровизија со Нина Нај На На
Next Сара Мејс си постави предизвик за соврешно тело, па го покажа резултатот: „Можеби не е перфектна форма, но голем чекор за мене“ (фото)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *