in ,

Рецепт на денот: Чоколадно трилече

Вкусен, кремаст десерт во кој ќе ужива целото семејство, по рецептот на Мартина Трајаноска.

Потребни состојки:

4 јајца

150 мл млеко

150 гр. шеќер

150 гр. брашно

100 мл масло

50 гр. какао

½ печиво

За прелив

200 мл хопла

200 мл млеко

100 гр. чоколадо

За одозгора

2 кесички шлаг крем

200 мл млеко

Начин на подготовка:
За пандишпанот изматете ги белките од јајцата со шеќерот во цврст шлаг. Во сад на оган стоплете го млекото и додадете го какаото. Тргнете од оган, матeте со миксер околу 1 минута, па додадете ги жолчките и маслото. Изматете и додадете го брашното и печивото.

Соединете ја смесата со белките и печете ја во тавче со хартија за печење(бр.28 квадрат или круг). Печете околу 15 минути во загреана рерна на 200 степени. Оставете го пандишпанот целосно да се излади. Превртете го наопаку доколку сакате порамен дел одозгора и избодете го со вилушка.

Чоколадото и хоплата ставете ги на оган и мешајте додека се стопи чоколадото. Додадете го млекото и со оваа смеса полијте го пандишпанот. Може да додадете и кондензирано млеко(100 мл хопла и 100 мл кондензирано). Оставете да се излади, а во меѓувреме изматете 2 кесички шлаг крем и премачкајте одозгора. Наместо шлаг крем може да изматите и 200 мл хопла со 100 гр. растопено чоколадо. Најдобро е да го оставите колачов во фрижидер барем 1 час, но може да се послужи и веднаш. 

https://www.instagram.com/p/CBXlGAtHdNg/?utm_source=ig_web_copy_link

Рецептот е на: Мартина Трајаноска

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Многубројни добробити ви носи копривата

0

Вака изгледа колепката во која ќе спие Жељко Ражнатовиќ (фото)