in ,

Многубројни добробити ви носи копривата

Во ова растение има големо количество калциум, магнезиум, железо, калиум и витамин А и Ц. Тоа што е богата со железо, ја прави копривата соодветна за лечење на анемија и замор. Редовното пиење на чај од коприва ја смирува мускулната болка.

Растението се користи и за проблеми со варењето на храната, подуен стомак и хемороиди. Билката во форма на капсули се користи за лекување на габична инфекција кај жените.

Пиењето на чај од коприва го чисти телото од токсини, го намалува апетитот, што го прави идеално средство за слабеење. Консумацијата на чај од коприва и надворешната примена се користи и за кожата на главата и косата, придава сјај и волумен.

Копривата помага и за поубав тен на кожата на лицето, како и при псориазис и екзема.

Извор: Курир.мк

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Млеко, кафе, чоколадо: Кои намирници не треба да ги комбинирате со лекови?

Рецепт на денот: Чоколадно трилече