Sony минатата недела го одложи планираниот онлајн настан PlayStation 5 поради протестите ширум светот против полициската бруталност и расизмот.
Сега е објавен нов датум: Компанијата соопшти дека настанот што го најавува како „иднината на гејмингот“, е закажан за 11 јуни.
Настанот ќе биде фокусиран на новата конзола PlayStation 5, но се знае дека на ваквите настани Sony често соопштува информации за една или две мултиплатформски игри.
Има гласини дека хорор акцијата Resident Evil 8 конечно ќе биде претставена во оваа прилика.
Твитерџијата AestheticGamer, кој досега се докажал како доверлив ран извор на информации, уште во април објави дека следниот дел од играта Resident Evil ќе има перспектива во прво лице и дека тематски доминира окултизмот.
Sony планира да го стримува настанот на својата веб-страница, на својот YouTube канал и преку профилот на Twitch.
Извор: kajgana.com