in ,

„Медена земја” го отвори Фестивалот на документарен филм во Словенија

Со проекцијата на македонскиот документарец „Медена земја” беше отворен Фестивалот на документарен филм во Словенија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Манифестацијата кој има 22-годишна традиција требаше да се одржа уште во март, но поради епидемијата на коронавирусот беше одложен за јуни.

Телевизија Словенија објави и прилог за Фестивалот, ставајќи посебен акцент на „Медена земја”, опишувајќи го како документарец кој секој треба да го гледа. Во продолжение се зборува за сите награди кои ги доби филмот, вклучително и наградата за најдобар документарен филм на фестивалот Санденс во САД.

Документарниот филм „Медена земја“ е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. Филмот е во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер, а кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума.

„Медена земја“ беше во конкуренција за дури два Оскари – за Најдобар документарец и за Најдобар странски филм – на последното доделување на наградите на Американската академија за филмска уметност и наука.

Со тоа стана единствен македонски филм со две номинации за оваа престижна награда, како и единствен филм во оскаровската историја со номинации во овие две категории.[

РЕЦЕНЗИЈА] Quō vādis? – Кон ветената „Медена земја“

Извор: kajgana.com

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Елена Ристеска стопена од изненадувањето кое не го ни насетуваше (фото)

Состојбата на паркот кај железен парк