Лист со непроценлива вредност: Се бори против грипот, ги чисти лимфните и дишните патишта и спречува реума


Ловоровиот лист содржи витамини од Б групата (ниацин, пиридоксин, пантотенска киселина и рибофлавин) кои влијаат на метаболизмот и функционирањето на нервниот систем, мускулниот систем, хормонскиот статус и имаат многу други функции во организмот.

Исто така, ловорот е богат со минерали како бакар, калиум, калциум, манган, железо, селен, цинк и магнезиум.

Ловорот се користи поради своето дејство врз подобрување на дигестијата, зајакнување на апетитот, во чаеви за искашлување, кај хроничен бронхитис. Кај ревматските тегоби и гихт и кај отечени и воспалени лимфни жлезди се користи ловорово масло кое се користи надворешно. Ловоровото масло ја смирува болката и воспаленијата, а делува и против разни инфекции.

Ловоровиот лист е исклучително познат како чистач на лимфниот систем. Покрај тоа, помага и во лекување на проширените вени и има силно антивирусно дејство, па се препорачува во случај на инфекција како што е грипот.

Според лековитите дејства кои се навистина бројни, листовите од ловор од дамнешни времиња се употребуваат како зачин, додаток во разни печења и сосови бидејќи им даваат единствен и незаменлив вкус на јадењата. Меѓутоа, ловорот не се додава како зачин само поради пријатниот вкус и мирис, туку и ја подобрува дигестијата.

Чај против грип и бронхитис
Прелијте 3 ситно исецкани листови од ловор со 250 милилитри вода и варете 10 минути. Тргнете го садот од оган и оставете поклопен да отстои околу 10-тина минута, а потоа процедете и додадете една лажичка лимонов сок и 2 лажички мед. Консумирајте го чајот 2-3 пати дневно.

Масло од ловор
Ловорот има силно антивирусно дејство, а е докажан “чистач” на лимфниот систем. Маслото се користи за превенција на инфекции, а истото се нанесува на зголемените лимфни чворови и набрзо доведува до олеснување. Третманот се применува само неколку дена, не подолго.

Извор: точка.ком.мк

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *