КАКО ДА ЈА НАУЧИТЕ МАМА НА НЕСПИЕЊЕ – ЛЕКЦИЈА ОД ЕДНО БЕБЕ ЗА ОСТАНАТИТЕ БЕБИЊА


Лекција број 1 – Не престанувајте да плачете, од било која причина..

Кај мене состојбата е ваква. Мама ме има скоро 6 месеци..
Првите неколку месеци беше одлично – плачев, па таа ќе ме подигнеше и нахранеше, во било која доба од денот и ноќта.
Потоа нешто се промени. Последните неколку недели, таа се обидува ПЦНВ (преспие цела ноќ воеднаш).

Прво помислив дека тоа е само фаза, но стана се полошо.
Разговарав со другите бебиња и изгледа дека тоа е прилично вообичаено откако мајките ќе не имаат некои 6 месеци. Во што е работата: Тие мајки всушност немаат вистинска потреба да спијат.

Тоа е само навика. Многу од нив имале околу 30 години за спиење – едноставно тоа повеќе не им е потребно. Затоа смислив план. Го нареков Crybaby план.

Постапката е следна:

Ноќ 1 – Плачете секои 3 часа се додека не ве нахрани. Знам дека е тешко да ја гледате мама толку вознемирена поради вашето плачење. Имајте на ум дека тоа е за нејзино добро.

Ноќ 2 – Плачете на секои 2 часа пред да ве нахрани.

Ноќ 3 – Секој час мама ќе почне да реагира побрзо после три ноќи. Некои мајки се отпорни и можат да се обидат да го променат тоа. Овие мајки можат да стојат на вратата со часови и да велат Шшшшшш.. Не предавајте се! Ви го нагласувам ова!

Упорноста е најважна! Ако и дозволите ПЦНВ (да ја преспие цела ноќ воеднаш) и само еднаш, очекувајте го тоа секоја ноќ.

Знам дека е тешко! Но таа навистина нема потреба за сон, таа само се спротивставува на промената. Ако вашата мама е од оние кои се особено отпорни, обидете се да престанете да плачете десет минути, колку да се врати во кревет и повторно да заспие.

Тогаш почнете повторно! Ќе запали конечно! Мојата мама беше будна 10 часа, непрекинато, така да знам дека таа го може тоа. Минатата ноќ плачев на секој час. Едноставно морате да донесете одлука и да се придржувате до неа.

Бидете упорни! Јас плачам од било која причина која можам да ја пронајдам. Ќебенцето ми го скокотна ноџето. Мојата играчка направи сенка на зидот..
Подригнав и ме потсети на круши (а не јадев круши од ручекот – од каде сега тоа?) Мачката мјаукна. (Требаше да знам. Мама на тоа ме потсетува барем двадесет пат дневно.) Еднаш плачев дури затоа што ми се допадна звукот на ечењето на алармот за бебе во другата соба. Претопло, преладно, баш како што треба – не е важно, само продолжете да плачите!

Требаше време, но успеа. Ме нахрани во 4 часот наутро. Следната ноќ мојата цел е 3:30. Потребно е полека да ги скратувам паузите помеѓу хранењето за да го пореметам внатрешниот часовник на мама.

П.С. Не дозволувајте да ве мамат со играчки, без оглед на тоа колку ја цицате цуцлата, од неа нема да излезе млеко. Верувајте ми!

Извор: srekja.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *