Од стар автобус, направил удобна викендичка (ФОТО)


Англичанец успеа, од еден стар двокатен „Вајлд атлантик“ автобус што се користел во Лондон 1990-тите, да направи луксузно привремено живеалиште.

Ричард Бартон го купил автобусот пред три години, за 2.000 фунти. Првично, сакал да го користи како превозно средство за потребите на неговото семејство и за работа.

– Претходно имам поправено пет Фолксваген камп-возила и мислев дека можам да направам нешто слично со автобусов. Но, напредував бавно, иако мојата сопруга и ќерките ми помагаа со идеи. На крајот, ова стана недвижно место за престој, раскажува 61-годишниот мајстор.

Бартон отстранил 74 седишта од автобусот, тркалата, ја проверил неговата издржливост и состојбата на материјалот, ги тргнал гнилите делови и пренамената почнала… Англичанецот вложил 31.000 фунти и сопствена работна рака, па автобусот добил дрвен под, три спални соби, кујна, дневна соба, шпорет на дрва, тоалет, внатрешен туш, туш на отворено, камин, градина и друго.

– По осмислувањето, јас сè тоа го направив рачно. Сакав и луѓето тука да се чувствуваат удобно – како да не се во автобус. …Едно седиште, сепак, задржав – тоа се наоѓа на вториот кат, со поглед кон езерото, вели Бартон.

Автобусот е „паркиран“, односно неподвижен и е достапен за изнајмување.

Извор: Курир.мк

Previous Kој вели дека не се разбира во мода? Еве колку вреди чантата на Драган Стојковиќ Босанац
Next ВИДЕО: Преслатка снимка како бега зајачето од кучето

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *