СОНУВАЧИ, ВЕЧНИ ДЕЦА, ОДЛИЧНИ КОМУНИКАТОРИ – ТОА СЕ ЕДИНСТВЕНИТЕ БЛИЗНАЦИ


Личностите кои се родени со Сонцето во знакот на Близнаци ги препознаваме по упадливата комуникативност. Имаат дар со леснотија своите мисли да ги преточуваат во зборови и често ги среќаваме на места каде што тој талент е неопходен.

Обично се со ситна градба, слаби, затегнати и со брза моторика. Обавезно се возачи, но често не застануваат само на автомобили. Љубовта спрема комуникацијата и превозните сретства секогаш е поврзана преку положбата на апсектите со кои владее господарот на овој знак, планетата Меркур.

Помеѓу Близнаците има многу писатели и автори.

Помеѓу Близнаците има многу писатели, новинари, но и луѓе кои на друг начин се поврзани со симболиката на овој знак, тоа се дактилографи, штампари и др. Разликата помеѓу едните и другите ја прави положбата на планетата Меркур, затоа што од неговиот капацитет и остатокот од хороскопот, зависи дали личноста ќе постигне голем академски успех или ќе се задржи на занаетото.

За овој знак често се зборува дека е површен. Тоа е поради тоа што со својата детска веселост остава впечаток на личност која не ја разбира целосната тежина на животот. Меѓутоа, тоа не е така. Близнаците се личности чиј одбранбен механизам е смеата и брблањето, затоа што на тој начин се бранат од стресот. Со други зборови, колку поголема драма толку повеќе Близнакот е позборлест и поупадлив.

Нивниот одбранбен механизам е смеата.

Другата причина поради која го обвинуваат дека е површен е тоа што не се занимава со суштината туку со формата. Многубројни информации со кои располагаат неизоставно предизвикуваат грешки преку кои тие лесно преминуваат. Од друга страна, бидејќи се вешти со зборовите, за нив се верува дека се родени трговци. Силните Близнаци се луѓе за кои се вели дека можат и да ви „продадат магла“.

Доколку овој знак е асцендант (подзнак) на личниот хороскоп, личноста ќе биде упадливо комуникативна, освен ако Меркур не се наоѓа во положба која го поништува тоа.
Со очилата на врвот на носот или главата, даваат впечаток на високоинтелектуални личности дури и кога немаат никакво покритие за тоа. Големи љубители се на сите облици на комуникација, па тие први ќе го набават најновиот мобилен телефон, компјутер или автомобил.

Престојот на Сонцето во знакот на Близнаци е обележан со присуството на ретроградна Венера во овој знак. Иако Венера е гласникот на радоста и убавината, нејзината ретроградност во овој знак донесува емотивни остатоци од минатото кои до крајот на летото можат непријатно да завршат.

Извор: srekja.mk

Previous ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА НОСИТЕ ОБЛЕКА ВО БЕЛА БОЈА
Next Промена од корен: Милан Станковиќ некогаш беше русокос, а сега е друг човек (фото)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *