in ,

СЛАДОЛЕДОТ ОД ЈАГОДИ НА ЏЕЈМИ ОЛИВЕР – БРЗ ДЕСЕРТ ОД САМО 3 СОСТОЈКИ

За подготовка на сладолед од јагоди по рецепт на најпознатиот кувар Џејми Оливер потребни ви се само 3 лесно достапни состојки.

Јагодите се овошје кое потсетува на љубов, први бакнежи, нежност и пролет. На многумина јагодите им се омилено овошје, а специфична арома им даваат на сите десерти.
Сладоледот од јагоди сепак е нешто посебно, особено кога ќе го направите сами.
За подготовка на сладолед од јагоди по рецепт на најпознатиот кувар Џејми Оливер потребни ви се само 3 лесно достапни состојки.

Состојки:
-500 гр. замрзнати јагоди
-250мл. јогурт со низок процент на маст
-1 лажица мед

Подготовка:
Добро замрзнатите јагоди, медот и јогуртот ставете ги во блендер и матете се додека не добиете еднолична смеса.
Добиениот сладолед ставете го во сад. Можете претходно во него да ставите мелен кекс или да го прелиете со чоколадо. Потоа додадете ја смесата сладолед и украсете со ливчиња мента.

Извор: srekja.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ВИДЕО: Уличен полицајец како се натпреварува со брејкденс танчери и протестанти во текот на неговата служба

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8. ЈУНИ 2020 ГОДИНА