Ја игнорирала судската одлука: Северина мора да плати казна поради објава на Инстаграм


Северина ќе мора да плати казна од неколку десет илјади евра бидејќи ја игнорирала одлуката на судот, па таа ја прекршила забраната за објавување на фотографии од нејзиниот син на Фејсбук и Инстаграм.

Судот во Загреб треба да одлучи колку ќе изнесува казната на пејачката.

Имено, судот во Дубровник ја потврди одлуката на загребскиот суд според која на пејачката и се забранува да објавува фотографии со синот на социјалните мрежи.

Исто така, тој одлучи Северина има рок од осум дена да ги избрише сите јавни фотографии со синот.  Судот одлучи доколку пејачката не ја почитува ова одлука дека ќе мора да плати казна од 80 000 динари, а износот ќе се зголемува доколку пејачката секојпат ја игнорира одлуката.

Како што пренесуваат медиумите, кога судот ја донесувал оваа одлука водел сметка за неколку факти. Еден од нив е дека родителите не се согласуваат за објавување на фотографии, односно дека татко се противи нивниот син медиумски да биде експониран.

Извор: vistina.com.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *