РОМАНТИКАТА СЀ УШТЕ ПОСТОИ – 3 ЉУБОВНИ ПРИКАЗНИ КОИ СЕ СЛУЧИЈА СРЕДЕ ПАНДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ


Повик на прв состанок по пат на дрон, заедничко кафе „преку граница“, венчавка без гости…

Коронавирусот може да го запри сообраќајот, да ги затвори сите продавници и граници, детски игралишта, пазари, може да не остави без работа и без плата, но не може да ни ја одземе љубовта.
Да бидете нешто некому е важно, ако не и најважно, во доба на пандемија на коронавирус. Луѓето за среќа, секогаш ќе пронајдат начин да ја побарааат, покажат, негуваат својата љубов а нивните приказни можат да не инспирираат и нам и да ни измамат насмевка на лицето.

Љубов на балкон
Вистинска модерна љубовна приказна, со невообичаен почеток каков што и доликува на ваквата луда ситуација во која светот ја доведе пандемијата на коронавирусот, се случи неодамна во Бруклин.
Кога Џереми Коен, 28-годишниот њујоршки фотгораф се загледал во својата згодна комшивка преку балконот, односно на покривот на зградата во која жвее и одлучил да ја повика на состанок, веројатно не си сонувал дека неговиот романтичен потек ќе заврши во медиумите на сите страни на светот.
Само сакал да ја запознае девојакта од соседството која му се допаѓала. Ја забележал како танцува на покривот на соседната зградата и посакал да ја запознае, но не знаел како да го направи тоа со оглед на тоа што е задолжително да се држи дистанца.
Креативноста проработила и тој на нејзиниот покрив испратил дрон на кој било прицврстено парче хартија на кое бил испишан неговиот телефонски број. И тоа успеало!
Набрзо добил порака од својата комшивка Тори Сингарил, а после неколку денови допишување, Коен одлучил да ја повика на состанок.
Како и секаде во светот така и во Њујорк е се затворено, па немал многу опции на располагање, но се сетил на нешто доста романтично. Со помош на нејзината пријателка подготвил романтична вечера ја покривот со шише вино.

Венчавка во доба на корона
И покрај карантинот, парот од Задар – Деан Раонич и неговата сопруга Ана на првиот ден од пролетта беа првите младенци, а веројатно и во цела земја. Додека многу млади парови своите венчавки ги одложија за некое подобро време, Деан и Ана сепак одлучија да направат скромна венчавка со присуство на кумовите, фотографот и редарот. И покрај малиот број на луѓе се било толку прекрасно и романтчно, а да не се изостави и почитувањето на правилата: дистанца од два метри, маски и ракавици.

Љубов на граница
Да, љубовта нема граници а за тоа сведочи и парот кој секојдневно се состанува на границата на Германија и Данска. 85-годишната Инга и 89-годишниот Карстен секојдневно се среќаваат на границата близу градот Авентофт за да поразговараат и да испијат кафе со препорачаната оддалеченост од два метри.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 6-7 ЈУНИ 2020 ГОДИНА
Next Еве колку искешира Цеца за прославата на внукот

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *