Српските медиуми „чепнаа“ по љубовното минато на Калиопи


„Со првиот сопруг се уште е во врска, а вториот беше 13 години помлад од неа. Побегна од земјата, а потоа се најде во центар на скандал“, „Два пати се разведе: Со првиот и понатаму е во врска, а другиот беше 13 години помлад од неа, побегна од земјата , а животот и беше полн со бури, гласат насловите за македонската пејачка Калиопи во српските портали во курир.рс и блиц. рс .

За разлика од тоа колку српските јавни личности се застапени кај нас, за нашите пак поретко може да се прочита нешто кај нив, баш како во случајов, но сепак не е нешто досега непознато за нашата позната пејачка.

Калиопи со својата музика и вокал прави успешни концерти ширум регионот и таа важи за една од најголемите како во Македонија така и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора…

Српските  медиуми одлучија да „чепнат“ по љубовното минато на Опи, па така тие го пишуваат следното:

  • Калиопи 10 години беше во брак со Ромео Грил од кого се разведе во текот на 90тите, а по разводот таа ја обнови соработката со поранешниот сопруг и се крена голема прашина во медиумите.

Во периодот на најголемата популарност на групата „Калиопи“, Калиопи Букле со тогашниот сопруг се повлече од јавната сцена и од Југославија замина во Швајцарија каде што живееше 10 години. Учеше германски јазик и работеше многу други работи. Пет години Калиопи предаваше музичко во средно училиште. Таа велеше дека токму учениците ја убедиле да се врати на музиката.

Инаку, кога станува збор за нејзините песни и создавање на хитови соработува со Ромео, а досега неколку пати истакна дека тој најдобро ја познава и дека знае каква песна да и направи, но и дека меѓу нив нема ништо освен пријателство и соработка, како и нивната силна врска поради синот Пако.

Суштина на нејзиниот живот е синот Пако кој живее во Швајцарија.

„Најемотивен момент во мојот живот беше неговото раѓање. Тој живее во Швајцарија и не сакам да зборувам за него. Често ми вели на мене и Ромео: „Не зборувајте за мене, заборавете ме во вашите изјави“, така да морам да го испочитувам“, изјави Опи во една прилика.

Српските медиуми исто така пишуваат и за вториот брак на Калиопи со актерот Васил Зафирчев.

Тие беа заедно седум години, иако има скалден брак, Васил и Калиопи се разведоа.

Калиопи во една исповед за еден магазин истакна дека причина за нејзиниот развод не била разликита во годините.

Калиопи денес е еден од најдобрите вокали во регионот и посветена на музиката и фановите, а пред да започне корона кризата таа одржа неколку успешни концерти во регионот.

Извор: vistina.com.mk

Previous Квики организира голем гејминг настан со јутјуберот Steffonator
Next НАЈНОВИОТ ХИТМЕН 2 КОНТРАКТ ПРЕИГРАН ОД ВЕЛЕШАНЕЦОТ И ЈУТУБЕР АЗИРУС ГЕЈМИНГ: HITMAN 2 – SNIPER LONG SHOTS 5

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *