in

Пронајдена досега најстарата градба на древните Маи

Група археолози од Мексико и од американскиот Универзитет на Аризона открија древна тврдина во југоисточно Мексико, за која се верува дека е најстарата градба што им припаѓала на старите Маи.

Американскиот археолог Такеши Интомат смета дека таа е изградена пред 3.000 години. Долга е 1.400 метри, широка 400, а висока меѓу 10 и 15 метри. Зданието е откриено со ласерско скенирање од воздух, проследено со ископувања.

Се верува дека тоа место се користело за ритуали.

Цивилизацијата на древните Маи е позната по својот доста усовршен систем на пишување, како и по математичките и астрономски откритија. Својот цут го доживеала околу 1.000 година пред Христа во она што денес се нарекува Гватемала и во делови од Мексико.

Извор: МИА

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Лимета за зајакнување на имунитетот

Квики организира голем гејминг настан со јутјуберот Steffonator