in , ,

Тајсон ја откри тајната за „новата младост“: Не е сè во исхраната и вежбањето

Легендарниот Мајк Тајсон неодамна ги одушеви обожавателите со снимки на кои покажува дека е во одлична форма поради што многумина се надеваат дека, од хуманитарни причини, повторно би влегол во ринг.

Неодамна тој ја откри неговата тајна за „новата младост“. Благодарение на новиот режим на исхрана, Тајсон изгубил повеќе од 60 килограми, целосно трансформирајќи го личниот изглед.

„Луѓето се тоа што го јадат, а јас од исхрана исфрлив леб, компир и јаглехидрати, односно не јадам ништо што има калории. Јадам храна со помалку калории како боровинки или риба, а во последно време целата исхрана ми е на растителна база и понекогаш јадам риба или пилешко. Покрај тоа, напорно тренирам“, вели Тајсон.

Тој изјави дека неодамна бил изложен на третман со матични клетки, кој се базира на крв од папочна врвца, коскена срж или телесни масти.

Според шпанскиот весник AS, ваквиот третман чини меѓу 5.000 и 25.000 евра, а претходно го примениле и Рафаел Надал и Кристијано Роналдо.

Извор: kajgana.com

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

За 30 дена во карантин завршила 20 онлајн курсеви

0

Најмладиот брат на Новак Ѓоковиќ во врска со сексапилната пејачка: Ѓорѓе „ја смува“ Теодора! (ФОТО)