За 30 дена во карантин завршила 20 онлајн курсеви


Паула Мендоза од Филипини изминатите 30 дена ги минала во карантин, а слободното време го искористила на вистинскиот начин, пишува CNN.

Таа се пријавила на неколку онлајн курсеви организирани од престижни универзитети ширум светот.

По само еден месец 28-годишната Паула успешно завршила дури 20 курсеви и за нив добила и дипломи. Во интервју за CNN таа вели дека сакала да стекне нови вештини и знаења, па секојдневно си поставувала нова задача, за тој ден да заврши по еден курс. Токму затоа учела вредно и напорно.

„Имав навика да учам од утро до мрак, едноставно не можев да легнам ако не ја исполнам зацртаната цел за тој ден. Сите курсеви беа интересни и не ми беше тешко да ги завршам за еден ден, но за еден курс ми беа потребни два дена“, објаснува таа.

За време на пандемија Мендоза посетувала предавања на престижни универзитети како Универзитетот во Калифорнија, Универзитетот Вортон во Пенсилванија и 12 други институции кои организирале бесплатни интернет курсеви.

За да добиете диплома за завршен курс треба да ги минете сите предавања, да направите неколку тестирања, да напишете семинарска работа и да го положите финалниот испит.

Извор: kajgana.com

Previous Се снима српска верзија на серијата „Two and a Half Men“
Next Тајсон ја откри тајната за „новата младост“: Не е сè во исхраната и вежбањето

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *