Раскинувањето на врската не е пријатна за никого, но многумина го прифаќаат крајот на врската и продолжуваат понатаму. Но, постојат и луѓе кои ако се емотивно повредени, ќе направат сè за да се одмаздат.
Кога станува збор за Зодијакот, припадниците на овие три хороскопски знаци важат за најголеми одмаздници.
1. Близнаци
По раскинување на врската некои Близнаци едвај чекаат да го видат бившиот како страда. Кај Близнаците дури и кога не сте виновни за нешто, виновни сте за сè.
2. Лав
Лавот мрази кога некој не го слуша и не се восхитува на неговата величественост. Тој лично нема да направи ништо, но затоа неговите „слуги“ ќе ви го загорчат животот каде и да се појавите. Ќе ангажира цела војска послушници против вас, без разлика дали станува збор за работа, на улица, во сите сфери во кои Лавовите се влијателни.
3. Скорпија
Листава не би била комплетна без Скорпијата, која е полоша и помоќна од Лавот, кога станува збор за одмазда. Скорпијата е подмолна и мистериозна, никогаш не знаете што ви мисли. Најчесто кога станува збор за бивш партнер, воопшто не ни помислува на него, но ако нешто ѝ згрешил ниту една казна нема да му биде доволна. Ќе смисли таков план за одмазда што ќе зажали што воопшто си имал работа со неа.
Извор: kajgana.com