„Моето малечко бебенце“: Лила објави досега невидена фотографија од синот Филип (фото)


Популарната ТВ водителка Лила Филиповска, секогаш е актуелна во јавноста, како за она што и се случува на приватно поле, така и на професионален план кога е во прашање квизот „Се или нешто“ кој го води години наназад, а моментално е во мирување или пак инфлуенсерството во кое е сериозно успешна.

За Лила се знае доста, бидејќи таа не е меѓу ултра резервираните, освен кога е љубовта во прашање, па е повеќе мистериозна, како што вели, за да има повеќе среќа.

Како сите, така и Лила, поминавме многу време затворени дома, па имавме простор да чепнеме во некои подзаборавени нешта од минатото.

Тоа најчесто беа фотографиите. Лила често знае да објави вакви ретро фотографии, а сега повторно ја навјасаа спомени и објави досега невидена фотографија од нејзиниот син Филип.

На фотографијата тој е потпораснато бебенце седнато во детски автомобил, а мама Лила гордо покажа како изгледаше нејзиното синче во едно далечно време.

Извор: vistina.com.mk

Previous Марама – вашиот моден сојузник оваа сезона
Next Звучи невозможно, но постои диета со леб од која може да ослабнете 10 килограми

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *