in ,

Судбината се повторува: Атиџе од „Медена земја“ никако да куртули од лоши луѓе околу неа

Хероината од „Медена земја“, македонскиот документарен филм кој беше номиниран за „Осакар“, повторно се соочува со истите проблеми како од нејзиното секојдневние кое беше документирано со камера и прикажано пред целиот свет.

Во интервју за порталот „ММС“, Атиџе вели дека не се плаши од ситуацијата со коронавирусот, туку се плаши од лошите луѓе кои неодамна и ги украле пчелите.

„Бев кратко во Дорфулија, го менувам кровот на куќата, но повеќе сум во Бекирлија. И кога се вратив имам што да видам, 20 нови трмки, кои требаше да се населат со пчели беа скршени, а две трмки постари полни со пчели ми украле. А годинава не знам како ќе биде, малку повеќе дува ветер, а кога дува не се ројат. Мене ме нервира лошото во луѓето, да живее некој за да му наштети на другиот. Ете тоа не можам да го разберам“, вели Атиџе.

Иако нејзиното мото е „пола за мене, пола за тебе“, тешко во денешно време кој живее по таква девиза. На коронавирусот пак, Артиџе не му се плаши, живее здраво, во природа, без големо опкружување од луѓе и јаде здрава храна, но важно и е и менталното здравје, па не гледа телевизија.

-Страв да гледам телевизија. Се тоа па тоа. Надеж имам дека ќе помине како и другите вируси. Ама ете во Свети Николе и светиниколско нема. Убаво се живее. Па во Бекирлија нема кој да ме зарази иако доаѓаат луѓе. Семејството ми се добри, ме викаат на гости ама јас ретко одам, еднаш годишно. Ако идам поретко повеќе ќе ме сакаат. Хахаха. Иако не можам да се пожалам, ме сакаат, раскажува Атиџе со надеж во секоја мисла и збор за подобро утре.

Целото интервју можете да го прочитате тука

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Кибер-окото функционира исто како човечкото око

Од скромно девојченце до најголемата балканска музичка ѕвезда: Трансформациите на фолк дивата! (ФОТО+ВИДЕО)