Мартин Вучиќ за татка си: „За мене секогаш татко над татковците!“


На почетокот на месец мај почина македонскиот музичар, композитор и водител Драган Вучиќ.

Неговата смрт беше последица на коронавирусот со кој Драган се инфицираше и не успеа да се избори.

Денес по речиси еден месец откако почина на Инфективната клиника во Скопје, неговиот син, музичарот и актуелен директор на Народниот ансамбл „Танец“, Мартин Вучиќ, уште еднаш сакаше да потсети кој беше неговиот татко Драган за останатите, но најмногу за него.

„За некого беше музичариште, за некого басист бр1, за некого шоумен, за некого композиториште…. За мене секогаш татко над татковците!“ – пишува Мартин на својот Фејсбук.

За потсетување, од корона вирус беше заразена и мајката на Мартин и соопруга на Драган Вучиќ, Весна, која успеа да се излекува со крвна плазма.

Извор: vistina.com.mk

Previous ОМИЛЕНОТО ОВОШЈЕ ЦРЕШИТЕ – ИНТЕРЕСНИ НЕШТА КОИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ
Next Гените се чудо: Вонбрачниот син на Арнолд Шварценегер е ист како него, но тој не сакаше да го признае (фото)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *