СУПЕР ЕФИКАСНИ ТРИКОВИ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА ОТСТРАНИТЕ ДАМКА ОД ВИНО


Независното од тоа дали го пиете најдоброто вино кое можете да си го дозволите или сте се одлучиле за малку поефтино шише, ако неколку капки завршат на вашиот тепих или мебел, квалитетот на виното ќе ви биде најмалиот проблем.

За среќа постојат доста ефикасни сретства кои ќе ви помогнат да се ослободите од дамката. Она што треба особено да го знаете е дека брзината е клучна во ваков момент. Немојте да чекате дамката да се исуши, и најдобро е прво да ставите хартиени марамици кои ќе ја впијат течноста отколку да триете со крпа.
Овие неколку методи се одлични во отстранувањето на тврдокорните дамки од вино.

Вотка
Наводно силните алкохолни пијалаци како вотката се адут против отстранување на дамките од вино затоа што ги стопуваат пигментите на боја и така спречуваат да се задржат на тепихот или останатите ткаенини.

Минерална вода
Минералната вода долго ја бие глас како најдобро сретство за отстранување на дамки од вино ако ткаенината ја намокрите на обратната страна и потоа ја упиете течноста со хартиени марамчиња. Сеуште не е јасно зошто е тоа случај, но неодамна истражувачите открија дека можеби има врска со меурчињата во минералната вода.

Сол, врела вода и оцет
Процедурата е следна: Натопете ја дамката со студена вода, посолете (почекајте додека не добие розева нијанса), потоа прелијте со врела вода и потоа натопете со оцет (и на крајот исперете). Оваа метода е ефективна доколку имате доволно време.

Детергент за садови и хидроген пероксид
Натопете ја дамката со еднаква количина детергент за садови и хидроген пероксид, а потоа обидете се сето тоа да го впиете со помош на хартиени марамчиња.

Бело вино и сода бикарбона
Со цел да ја извлечете дамката од тепихот или останатите ткаенини, најпрво натопете ја со бело вино (со цел да се разреди бојата) а потоа намачкајте со паста од сода бикарбона (размерот на вода со сода бикарбона нека биде 3:1). Оставете пастата да делува час време и внимавајте цело време да биде влажна (по потреба напрскајте со вода). Дамката ќе изчезне.

Пена за бричење
Пената за бричење би требала да ја спречи дамката од вино да се упие во ткаенината. Лесно втријте пена за бричење а потоа ибришете со топла вода и со тоа ќе ја отстраните и дамката.

Извор: srekja.mk

Previous Гоца Тржан со емотивна порака за својата ќерка: „Се бореа за мојот живот, не чувствува болка, не чувствував страв – само гледав во тебе“
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 25. МАЈ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *