in , ,

Во овој град наместо жичарница има лифт што го поврзува долниот со горниот град

Лифтот Лацерда е јавен лифт во Ел Салвадор кој се наоѓа на северно-источниот брег на Бразил. Тој го поврзува долниот со горниот град односно Сидаде Баха (долен град) со Сидаде Алта (горен град). Долг е 72 метри и ќе ве однесе до врвот за само 30 секунди. Билетот за возење не чини многу, па дефинитивно вреди. Одозгора има фантастичен поглед кон градот и околината.

Првиот лифт од ваков вид во овој бразилски град бил поставен од Језуитите во 17-ти век. Тогаш бил направен интересен систем со јажиња за подигнување на испорачаната стока од пристаништето.

Во 1868 година е заменет со железна конструкција односно лифт на пареа. Сегашниот изглед го добил во 1930 година кога бил вклучен на електрична енергија. Возењето со лифтот е вклучено во бројни туристички пакети во Ел Салвадор, а во 2019 година го користеле повеќе од 33.000 луѓе.

За повеќе кликнете на наредниот линк: Во овој град наместо жичарница има лифт

Извор: кафепауза

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Питер Динклиџ и Џејсон Момоа ќе глумат во хорор филм

Нов моден тренд или здравствена потреба наречен Трикини