ПРЕСЛАТКАТА ВЕРВЕРИЧКА ПЕНЕЛОПЕ Е ДОМАШЕН МИЛЕНИК КОЈ ЌЕ ВЕ ОСВОИ СО СВОИТЕ АКРОБАЦИИ


Верверичката Пенелопе е вистинска Инстаграм ѕвезда. Таа продолжува да освојува овожаватели со своите урнебесни акробации

Се поголема популарност на Инстаграм добиваат профилите на животните кои сме навикнати да ги гледаме во улогата на домашни миленици.
Таков е профилот и на верверичката Пенелопе која секој ден брои се повеќе следбениците.
Нејзините сопственици секојдневно објавуваат фотографии и видеа на кои ова преслатко животинче лудо се забавува.

Иако природниот дом на верверичките се шумите, парковите и градините, се чини дека Пенелопе ужива во затворен простор.
Нејзините сопственици и ги имаат обезбедено сите потребни нешта за таа да се чувствува слободно.

„Таа е страствен љубител на кокос, собирачка на камења а исто така ги обожава и плишаните животни со кои сака да се бори“, пишуваат сопствениците во описот на нејзиниот профил.

За повеќе кликнете на наредниот линк: ПРЕСЛАТКАТА ВЕРВЕРИЧКА ПЕНЕЛОПЕ

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 22. МАЈ 2020 ГОДИНА
Next Со музика против корона: Овие две македонски пејачки среде вонредна влегоа во студио да создадат ново музичко дело

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *