Се враќа Тони Монтана, „Scarface“ ќе добие римејк


Во недостиг на идеи Холивуд работи на нови верзии на познати филмови од минатото.

Сега на ред е култниот филм „Scarface“ од 1983 година во кој главната улога ја толкуваше славниот Ал Пачино. Вчера беше објавено дека почина 72-годишниот актер Џино Силва, кој ја толкуваше улогата на тивкиот убиец на Тони Монтана.

Universal Pictures веќе го одреди режисерот на новиот филм, тоа ќе биде Лука Гвадањино, номиниран за Оскар за филмот „Call Me By Your Name“. Сценаристи ќе бидат славните браќа Џоел и Итан Коен.

Последниот филм на Гвадањино е римејкот „Suspiria“ на култниот хорор филм од 1977 година, па може да се каже дека има искуство во создавање модерни верзии на популарни филмови.

Но, не е познато кој би можел да го глуми Тони Монтана онака како што го направи Ал Пачино. Филмот ќе се снима во Лос Анџелес.

Извор: kajgana.com

Previous Родени под среќна ѕвезда: Ова се најталентираните хороскопски знаци
Next Диви кози на Водно… само што овие не блеат, туку музицираат и пеат! (ФОТО)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *