in , ,

Дали сите бебиња се раѓаат со сини очи?

Една од работите за кои идните мајки најмногу размислуваат е за тоа како ќе изгледа нивното бебе. Сигурно сте слушнале за тоа дека „сите бебиња се раѓаат со сини очи“. Дали ова е вистина?

Мит е дека сите бебиња имаат сини очи. Најмногу од новороденчињата во светот имаат кафеави очи отколку сини.

Во едно истражување, лекарите од Универзитетот Стенфорд открија дека дури две третини од новороденчињата се раѓаат со кафеави очи, односно 63 проценти. Само 20 отсто од бебињата се раѓаат со сини очи.

Бојата на очите зависи од количината на светлина која влегува во окото. По раѓањето, бебињата имаат многу малку пигмент(меланин), па нивната боја на очите и кожата е посветла. Откако ќе се произведе доволно меланин, ќе се смени и бојата на очите на бебето.

Генетиката и меланинот меѓусебно се поврзани бидејќи генетиката контролира колку меланин има еден човек во своето тело.

Очите на бебињата се менуваат неколкупати во првите шест месеци. Кај повеќето бебиња, бојата на очите се дефинира додека наполнат 1 година.

Доколку родителите имаат сини очи, голема е веројатноста дека и нивното бебе ќе има сини очи.

Најретката боја на очите е зелена, само 5 отсто од населението ја имаат оваа боја на очи.

Извор: kajgana.com

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0

Познатиот Боба од „Жикина динистаја“ некогаш беше тинејџерски идол, а денес е некој сосема друг, тотално непрепознатлив лик (ФОТО)

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20. МАЈ 2020 ГОДИНА