Елена Ристеска тргна кон нови работни предизвици, но претходно направи промена на имиџот (фото)


Елена Ристеска за разлика од повеќето свои колеги кои по неколкупати имаа онлајн концерти за фановите и следбениците, таа имаше други приоритети кога е работата во прашање.

Иако, се ушете се’ стагнира поради коронавирусот, Елена успеа да ги претстави првите два производи од својата козлетичка линија „Ера“, а тоа се женски и машки парфем.

Токму затоа во нејзиното обраќање во „Бекстејџ“, кажа дека музиката периодов ја ставила во втор план.

-Назад на работа и се чувствувам неверојатно мотивирано, напиша Елена на објавата каде е зад воланот на автомобилот.

А новите нешта се почнуваат со уште нешто ново, а Елена се одлучи за промена на имиџот, па од црни, премина во делумно русокоси.

Промената ја овековечи нејизниот стилист и пријател Даниел Николовски на кому таа години наназад му ја препушта довербата.

Извор: vistina.com.mk

Previous (ФОТО) НАЈУБАВИТЕ ЦЕЛОСНО БЕЛИ МОДНИ КОМБИНАЦИИ ИДЕАЛНИ ЗА ЛЕТНИ ЖЕШТИНИ
Next Дали им дојде крајот на тестерите?

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *