Колку е здрава замрзнатата храна?


Нутриционистот Никола Шубрук тврди дека замрзнатото овошје и зеленчук имаат скоро иста количина на хранливи материи во споредба со свежото.

Замрзнатиот грашок има околу 70 калории на 100 грама, a 79 калории доколку е свеж. Замрзнатиот грашок содржи 5,5 грама протеини, 1 грам масти, 11 гр јаглехидрати и 5,5 гр влакна на 100 грама; свежиот грашок содржи 7 гр протеини, 1,5 гр масти, 10 гр јаглехидрати и 5,6 гр влакна.

Замрзнатите производи имаат и слична количина на витамини и минерали како и свежите, можеби во некој случај помалку, но разликите се минимални.

Од една страна, количината на сол и шеќер може да биде малку поголема во замрзнатото овошје и зеленчук.

Овошјето и зеленчукот се замрзнуваат брзо, во рок од неколку часа од бербата. Се подготвува и се пакува брзо за да се зачува нивната хранлива вредност.

Конзервираните и замрзнатите намирници можат да се складираат доста подолго од свежите производи со што се елиминира можноста да се расипат, а цената на несезонското овошје и зеленчук во текот на годината варира, додека цените на замрзнатите е стабилна.

Извор: vistina.com.mk

Previous ДОМА СО ЛЕА: Корона апдејт по 2 месеци пауза
Next Нова песна на ДНК: Во спотот се појавуваат многу јавни личности како Боки 13, Слаткар, Каролина, Тамара, Наум Петрески…. (видео)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *