Ако ја барате идеалната работа, еве ја златната шанса – Плата од 58.000 евра и бесплатно сместување


Сакате да избегате од хаосот во животот и монотоното секојдневие? Тогаш следната работа од сонишата е скроена токму за вас. Прочитајте во продолжение за што точно станува збор.

Семејство во Лондон бара пар кој ќе се грижи за нивниот дом и нивните две кучиња. Во замена на ова, тие не само што нудат добра плата, туку и неверојатен стан во британската метропола, во која нивните нови вработени ќе живеат сосема бесплатно.

Работата вклучува разни задолжувања меѓу кои приготвување на храна, надгледување проекти за подобрување на домот и извршување на домаќински работи до улога на шофер за нив и нивните гости, пазарување за секакви потреби и се подразбира, грижа за нивните две кучиња.

За сето ова, вработените ќе добијат плата од 58.000 евра и бесплатно сместување. Се очекува парот да работи 5 работни дена, кога семејството ќе биде во Лондон, а истото речиси во метрополата поминува само 2 недели од месецот во лондонскиот дом.

Воедно, семејството бара вработените да бидат луѓе со страст кон храната и виното, со интерес кон шопингот и социјализирањето. Треба да имаат чисто возачко досие, високи организирачки способности и кулинарски вештини. Знаењето повеќе јазици ќе се смета за предност, а кандидатите ќе бидат изберени преку видео интервју. Селекцијата ќе биде направена на почетокот на ова лето.

За повеќе информации, кликнете тука.

Извор: Нане

Previous Џејла Рамовиќ го промени имиџот – еве како изгледа сега (фото)
Next Алергијата од сонце за многумина е голем проблем, еве како да се заштитите навреме

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *