Или се премногу слични или се премногу различни, во секој случај овие хороскопски знаци никако не успеваат да склопат пријателство, пишува YourTango.
1. Вага и Скорпија
Скорпиите се мистериозни и имаат харизма со која ги привлекуваат другите. Вагите се шармантни и љубезни и лесно е да се разбере зошто секој знак би сакал да биде пријател со нив.
Меѓутоа, кога посесивна Скорпија ќе се сретне со добродушна Вага многу често се случува Вагата да биде искористена.
Скорпијата нема да ужива во отвореноста на Вагата, а веројатно Вагата ќе донесе и трет пријател поради кој Скорпијата тогаш ќе се чувствува како вишок. Најлошо од сè е што Вагата нема ни да сфати дека тоа ѝ пречи на Скорпијата.
2. Овен и Рак
И Овенот и Ракот се добри пријатели, но до проблем доаѓа кога поради избувливиот карактер на Овенот тој ќе каже нешто погрешно и ќе ги повреди нежните чувства на Ракот.
Овните се импулсивни, додека Ракот е сталожен. Со оглед на тоа дека Ракот не е толку спонтан како што неговиот пријател Овен би сакал да биде, но и поради желбата и на двата знака да ја имаат контролата во нивни раце, ова пријателство однапред е осудено на пропаст.
3. Бик и Јарец
Што се случува кога два крајно тврдоглави знаци се пријатели? Доаѓаат до точка кога нивната преголема сличност ги спречува да направат подлабока поврзаност.
Ниту еден од овие два знака не е подготвен на компромис, а така проблемите не се решаваат. Пријателството меѓу Бик и Јарец ветува многу на почетокот, но на крајот едноставно избледува.
Извор: kajgana.com