in ,

По неполн месец од породувањето Сања Николиќ излезе на прва прошетка со синчето (фото)

Марко Маринковиќ – Слаткар и неговата сопруга Сања Николиќ на средината на април, поточно на 15.04.2020 година се реализираа во нивната најважна улога – станаа родители на син.

Парот за нивниот наследник одбра оригинално име – Моша.

Новопечениот татко тогаш на социјалните мрежи ги сподели среќните вести за пристигнувањето на новиот член.

„Се роди Моша Маринковиќ. Голем да му расте“, напиша на „Фејсбук“.

Оттогаш секој нивен момент е исполнет со радост, љубов, среќа, а бидејќи периодов седиме дома, тие имаат уште повеќе време да се посветат и уживаат со синчето.

Деновииве, Сања одлучи да го искористи топлото и убаво време, па да ја направи првата прошетка со Моша.

Таа со заштитна маска се прошета со синчето низ скопските улици, а Слаткар овој момент го овековечи со видео кој го објави во кратките приказни на својот „Инстаграм“ профил.

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Вака изгледаат мајките на македонските познати личности (фото)

Човекот кој ми е повеќе од роднина или брат